Назад на блог
Совети Декември 2025 5 мин читање

Kako да подготвите STL фајл за 3D печатење?

Ако сакаш принтот да излезе точно kako што очекуваш, најважно е моделот да биде правилно подготвен. Овој водич ги покрива клучните чекори кои прават разлика меѓу „ок" и „професионален" резултат.

Подготовка на 3D модел за печатење

Брза листа (за најбрзо)

1) Испрати STL/OBJ или STEP  •  2) Провери размер (mm)  •  3) Провери дебелини  •  4) Провери дали е „затворен" модел  •  5) Остави толеранции за делови што се вклопуваат.

1) Избери правилен формат

Најчесто за 3D печатење се користи STL (најпопуларен), потоа OBJ. Ако правиш инженерски дел со точни мерења, STEP е супер за работа и корекции пред да се извезе во STL.

Ако не си сигурен, испрати što имаш — ние ќе кажеме дали треба конверзија или поправка.

2) Провери размер и единици (mm)

Една од најчестите грешки е моделот да дојде во погрешна големина (cm наместо mm, или обратно). Пред да пратиш, отвори го моделот и провери дали димензиите одговараат на реалност.

3) Дебелина на ѕидови и стабилност

Ако делот е функционален, треба да има доволно материјал каде što има притисок, шрафови или оптоварување. Претенки ѕидови може да доведат до пукање или виткање.

Практично правило: ако е декоративно може да биде потенко — ако е функционално, планирај „резерва" за издржливост.

4) Толеранции (кога делови треба да се вклопат)

Ако правиш две парчиња što треба да се вклопат (капак/куќиште, клип, лежиште, клизач), не прави „0.00mm" совршено совпаѓање. 3D печатењето има реални толеранции и треба мал простор за да се склопи без сила.

Кажи ни дали деловите се притисно вклопување, лесно лизгање или слободно — ќе предложиме најдобар клиренс.

5) Ориентација и поддршки

Kako е свртен моделот при печатење директно влијае на: јачина, изглед, траги од поддршки и време на печатење. Ако има „надвиснати" делови, ќе требаат поддршки — тоа може да остави траги на површината.

Ако изгледот е важен, кажи која страна мора да биде „чиста" — ќе оптимизираме ориентација.

6) Проверка дали моделот е „затворен" (watertight)

За да се печати правилно, моделот мора да биде затворена геометрија (без дупки или отворени површини). Ако моделот има грешки, slicer-от може да прави чудни слоеви или да „изгуби" делови.

7) Što да ни пратиш за најбрза понуда

• Фајл (STL/OBJ/STEP) или слика + мерки
• Намена (декоративно/функционално)
• Приближни димензии
• Количина (1 или серија)
• Рок (ако е важно)

Сакаш да провериме модел пред печатење?

Прати ни фајл или слика/мерки и ќе ти кажеме дали има потреба од корекции, кој материјал е најдобар и колку би чинело.

Чести прашања

Кој формат е најдобар за 3D печатење?
STL е најчест, но OBJ и STEP се исто така добри. Ако правите инженерски делови, STEP овозможува полесни корекции.
Što е толеранција и колку простор да оставам?
Толеранција е мал простор što останува помеѓу деловите što се вклопуваат. Обично 0.2–0.4 mm е доволно за лесно склопување.
Дали можам да испратам само слика без 3D фајл?
Да, ние можеме да го изработиме 3D моделот врз основа на слика или мерки. Само опишете го делот što ви треба.