Најбрз избор (ако не сакаш да читаш многу)
• PLA — најдобар за декоративно и брзи принтови
• PETG — баланс за функционални делови + отпорност на влага
• ABS — кога треба поголема отпорност и топлина (но бара услови)
Кратка споредба
Во пракса, материјалот се бира според: намена, температура, надворешна употреба и дали делот ќе трпи оптоварување.
PLA — најлесен за печатење
PLA е најпопуларниот материјал за 3D печатење затоа што е стабилен, лесен за печатење и дава убав изглед. Одличен е за декоративни предмети, прототипи за изглед и детали.
Кога да избереш PLA: декорации, фигурички, макети, прототипи кои не трпат температура/удар.
Кога да избегнеш PLA: делови кои стојат на сонце/во топлина, функционални држачи кои трпат сила.
PETG — најдобар баланс
PETG е „златна средина": поиздржлив од PLA, подобар за функционални делови и поотпорен на влага. Честопати е одличен избор за практични делови и куќишта.
Кога да избереш PETG: функционални делови, држачи, куќишта, делови кои ќе бидат надвор или во влажна средина.
Кога да избегнеш PETG: кога треба многу висока отпорност на топлина или максимална ригидност.
ABS — цврст и отпорен, но бара услови
ABS е материјал кој се користи кога треба поголема издржливост и подобра отпорност на температура. Но печатењето може да биде покомплицирано (деформации/виткање) ако нема добра контрола на услови.
Кога да избереш ABS: функционални делови кои трпат температура, делови со удар/оптоварување.
Кога да избегнеш ABS: ако делот има супер фини детали или ако треба најчист изглед без дополнителна обработка.
Kako да избереш најбрзо?
Прашај се:
• Дали е декоративно или функционално?
• Дали ќе биде во топло/сонце?
• Дали ќе трпи сила/удар?
• Дали ќе биде во вода/влага?
Одговорете на овие прашања и изборот на материјал стануваорелативно очигледен. Ако сè уште не сте сигурни — прашајте нè.
Не си сигурен кој материјал ти треба?
Прати ни за што ќе се користи делот (каде ќе стои, дали трпи сила/температура) и ќе ти предложиме најдобра опција.
FAQ